Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Докажано е! На Марс има услови за живот

(ВИДЕО) Докажано е! На Марс има услови за живот

На Црвената планета конечно е  откриена вода во течна состојба.

„Вода во течна состојба е откриена на Марс. До сега беа претпоставки, но сега сме сигурни", соопштија од американската Вселенска агенција НАСА.

Истражувањата покажаа дека на Црвената планета во текот на летните месеци тече вода низ кањоните и кратерите поради што постои можност таму да постои некој облик на живот.

Ова е првпат да има докази дека на Марс има вода во течна состојба. Претходно дел од научниците со вселенски возила успеаја само да најдат примероци од мраз.

Денешната објава на НАСА дека Марс не е сува планета, многумина ја нарекоа епохална, бидејќи тоа значи дека на планета постојат можности за живот.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/FLP16_J4ZDQ[/embed]
Слично

Поврзани вести