Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Доказ дека урнатиот руски авион не влегол во воздушниот простор на Турција

(ВИДЕО) Доказ дека урнатиот руски авион не влегол во воздушниот простор на Турција

Руското министерство за одбрана објави синоќа видео кое потврдува дека рускиот авион Су-24 ни во еден момент не го напуштил сирискиот воздушен простор.

Како што наведуваат од министерството, летачките податоци кои ги објавиле, покажуваат дека Су-24 ни во еден момент не влегол во турскиот воздушен простор и дека е нападнат додека изведувал легитимни маневри над Сирија.

Турција денеска во писмо до Советот за безбедност на Обединетите нации соопшти дека урнала неидентификуван авион кој го нарушил турскиот воздушен простор и го бранела своето право така да постапи.

авион 6

Во писмото на 15-членови на Советот за безбедност и генералниот секретар Бан Ки-мун, турскиот амбасадор Халит Чевик изјавил дека два авиони утрото го нарушиле турскиот воздушен простор и дека биле предупредени околу 10 пати во тек на 5 минути да го сменат правецот.

Чевик изјавил деак двата авиона навлегле повеќе од километар и пол на територијата на Турција на 17 секунди и дека не е познато на која држава се авионите.

„По повредата (на просторот), авион 1 го напушти турскиот воздушен простор. На авион 2 е пукано додека се наоѓал на турски ваздушен простор од авиони Ф-16 кои биле во патролна мисија на тоа подрачје“, стои во писмото на Чевик.

putin faca

Во писмото се наведува дека „авион 2, се урнал на сириска страна на турско-сириска граница“.

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил денеска дека рускиот борбен авион е нападнат кога се наоѓал на километар и пол внатре во Сирија и предупредил на „сериозни последици“.

Запрашан дали Русија би можела оваа прашање да го изнесе на Советот за безбедност, рускиот амбасадор Виталиј Чуркин одговорил: „Не знам, можеби“.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/9Cs8jdJKSGo[/embed]

Слично

Поврзани вести