Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Додека Урсула фон дер Лајен говори, еврокомесарка плете

(ВИДЕО) Додека Урсула фон дер Лајен говори, еврокомесарка плете

Необичен настан се случи денеска во Европскиот парламент. Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон е снимена како плете за време на годишното обраќање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во Европскиот парламент.

Јохансон е позната по љубовта кон плетењето, но ова видео предизвика бура на социјалните мрежи, а повеќето во коментари пишуваа дека говорот на претседателката бил таков што дури и комесари во Европската комисија „умреле од досада“.

Британскиот политичар и поранешен пратеник во Европскиот парламент Најџел Фараж вели дека дури и европските комесари на Урсула фон дер Лајен мислат дека она што таа има да го каже е досадно до смрт.


Слично

Поврзани вести