Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Додека снимала невреме гром удрил во нејзиниот телефон

(ВИДЕО) Додека снимала невреме гром удрил во нејзиниот телефон

Трејси Кулол од Шкотска минатата недела го снимала невремето низ прозорецот од нејзиниот стан, по што громот удира во телефонот, тој ѝ летнува од раце, и продолжува да снима без слика, но со тон.

Во позадина се слуша Трејси како во неверување и шок неколку пати повторува дека ја удрило гром.

„Сакав да го снимам невремето и се надевав дека ќе фатам некоја молња во позадина. Не очекував дека громот ќе удри во мене. Громот удри во додатокот за маската на телефонот. Тоа ми го спаси животот, бидејќи ако удреше директно во него, телефонот ќе експлодираше“- вели Трејси по неверојатното доживување.

Таа раскажа дека уште чувствува болка од малиот прст до лактот. 

„Кога ме погоди изгледаше како силно сино светло“- вели таа. 

По ова жената се испаничила. 


Слично

Поврзани вести