(ВИДЕО) Додека новинар известуваше од Појасот Газа, зад него се урна погодена зграда
Новинар известуваше од Појасот Газа, а зад него се сруши погодена зграда.
За време на директен пренос на Би-би-си за ситуацијата во Газа, зад новинарот се сруши зграда погодена со проектил.
Арапскиот новинар Аднан Елбурш и неговиот тим продолжија со емитувањето, иако не знаеја што ги чека подоцна. Прилогот беше емитуван во средата, за време на ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и палестинските милитанти.
„Аднане, дали си добро? Те молам, прекини го емитувањето ако си во опасност. Гледам дека гаѓаат објекти веднаш наспроти тебе“, вели водителот на емисијата.
Неколку секунди подоцна проектил ја погодува зградата, која целосно се урива.
Израел продолжува жестоко да го бомбардира Појасот Газа и од копно и од воздух.
Слично
