(ВИДЕО) Додека многу земји се со рестрикции, во Вухан се слави Новата година на плоштад
Илјадници жители на кинескиот град Вухан слават Нова Година на плоштад.
Помладите ги преполнија ноќните клубови кои се отворија на почетокот на месецов. Вухан беше градот од каде почна да се шири коронавирусот пред една година. По неколку месеци строг карантин и целосно изолирање од останатиот дел од Кина, откако се кренаа рестрикциите, жителите на Вухан правеа масовни забави и прослави. Вухан лани беше главно жариште на вирусот. СЗО уште не даде детали на кој начин се појави вирусот и потоа се прошири во светот.
Освен Кина, уште неколку азиски земји влегоа во 2021 година во 17.00 часот по средноевропско време, меѓу кои, Филипините, Хонг Конг, Сингапур. Во многу земји во светот има рестрикции, полициски час, забрана за собири.
