Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Дочек на Нова година како од хорор: Се запали елка висока 24 метри во Русија

(ВИДЕО) Дочек на Нова година како од хорор: Се запали елка висока 24 метри во Русија

Во рускиот град Јужно-Сахалинск во сахалинската област се запалила елка висока 24 метри. На насобраните граѓани на Лениновиот плоштад, дочекот на Нова година им се претвори во страшен настан.

Елка висока колку една зграда, изгорела за само неколку минути, иако надвор било минус шест. Граѓаните кои Новата година сакале да ја дочекаат со симболот на новогодишното славје, панично бегале од стихијата.

Додека пожарникарите стигнале на лице место, елката целосно изгорела.

Останала само изгорена метална конструкција.

Нема извештаи дека имало повредени.

Видео снимката на елката која гори може да ја погледнете подолу:


Слично

Поврзани вести