Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Добредојдовте во пеколот на Земјата: Можеш да влезеш, но има шанси никогаш да не излезеш жив од овој град

(ВИДЕО) Добредојдовте во пеколот на Земјата: Можеш да влезеш, но има шанси никогаш да не излезеш жив од овој град

Додека Западот ја напаѓа Венецуела, земјата која ги подобри животите на многу нејзини граѓани, се занемаруваат стравовите кои се случуваат во Перу и други земји во Латинска Америка.

Ринконада, која се наоѓа на преку 5 км надморска висина, е населба која се наоѓа на највисока надморска висина на светот, град на злато и концентрација на сиромаштија, заедница од околу 50 000 жители, од кои многумина се отруени од жива.

Местото каде редовно се силуваат жени и деца, каде законот и редот се срушиле прилично одамна, каде млади девојки се послани на ѓубриштата за да го рециклираат отпадот, и каде речиси сите мажи работат во животински услови, и повеќето од нив едноставно си го уништуваат здравјето.


Во момент додека во Венецуела Николас Мадуро се бори против Западот, американскиот новинар Андре Вултичек го посетил овој дел од Перу и во текстот за Раша тудеј објаснил какви се политичките случувања во Латинска Америка и нивното влијание на народот.

Тој објаснува дека сега ситуацијата во Перу, односно Риконада, е исто таква, како што била во Боливија и Венецуела пред на на власт да дојдат Уго Чавез, Ева Моралес и Николас Мадуро.

-Возачот одби да ме однесе во Риконада, бидејќи како што му е објаснето, таму „можеш да влезеш но има шанси да не излезеш никогаш од тоа место“ , поради мафијата која дејствува на таа територија и со тоа уште повеќе го влошува животот во ова место. Без разлика на предупредувањата пронашол човек со кој тргнал во Риконада и опишал каков е животот таму и што се случува.

-Од перуанската страна езерото е затруено со жива. Иако Риконада и рудниците на злато се уште далеку, реката Рамис до овој дел донесува контаминирана вода од тоа подрајче, посебно од рударскиот град Ананеа и таа вода се влева директно во езерото-му објаснил Фреди, рударскиот експерт од тоа место.



Izvor. RT, Foto: Profimedia


Слично

Поврзани вести