Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДОБРЕДОЈДОВТЕ ДОМА: Џил и Џозеф Бајден ги пречекаа Доналд Трамп и Меланија

(ВИДЕО) ДОБРЕДОЈДОВТЕ ДОМА: Џил и Џозеф Бајден ги пречекаа Доналд Трамп и Меланија

Претседателот на САД во заминување, Џозеф Бајден и првата дама Џил Бајден денеска ги пречекаа новоизбраниот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија во Белата куќа по службата во епископската црква Свети Јован.

„Добредојдовте дома“, му рече Бајден на Трамп додека го поздравуваше при влегувањето, објави Си-ен-ен.

Бајден, според традицијата што ја почна поранешниот претседател Роналд Реган, му остави писмо на Трамп, но не кажа што му напишал на својот наследник во него.

На прашањето на новинарите пред Белата куќа дали напишал писмо, Бајден одговори „Да“, одбивајќи да открие повеќе детали.

Во 2021 година, Трамп му остави писмо на Бајден, кој подоцна го опиша како „многу великодушно“.

foto EPA

Слично

Поврзани вести