Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДОАЃА СТРАВИЧНА БУРА: Америка се подготвува за удар од ураганот на деценијата

(ВИДЕО) ДОАЃА СТРАВИЧНА БУРА: Америка се подготвува за удар од ураганот на деценијата

Безбедноста на американскиот народ е „апсолутен приоритет“, изјавил Трамп, додека ураганот Флоренд се приближува до брегот на САД.

Трамп нагласил дека федералната влада е подготвена да реагира и прогласил вонредна ситуација во Северн и Јужна Каролина и Вирџинија, а и откажал неколку настани.

Додека силниот Флоренс се приближува до Источниот брег на САД, а во деловите на три американски држави е наложена евакуација на населението, милиони Американци се подготуваат за можеби еден од најкатастрофалните урагани во тој регион во изминатите децении.


На социјалните мрежи луѓето објавуваат фотографии од деловите за кои се верува дека ќе ги погоди ураган на кои пишува: „Молете се за нас“.

Директорото на Националниот центар за урагани Кен Грејм предупредил дека размерите на ураганот се запрепастувачки.

За обилни дождови, поплави и недостиг на струја се подготвува и Вашингтон, чија градоначалничка Мјуриел Баузер прогласила вонредна ситуација, наведувајќи дека тоа е неопходен чекор за да се обезбедат ресурси и поддршка со оглед на повеќедневните врнежи кои се очекуваат.


Слично

Поврзани вести