Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДНР – Состојбата близу до катастрофа!

(ВИДЕО) ДНР – Состојбата близу до катастрофа!

Претставници на самопрогласената Доњецка Народна Република оценуваат дека состојбата во градот Дебаљцево е близу до катастрофа и дека илјадници луѓе го напуштиле градот во последните неколку дена.

Портпаролот на министерството за одбрана на ДНР Едуард Басурин навел дека Дебаљцево е на работ на целосен колапс.

„Греење, водовод, струја, се е во прекин. Нашиот непријател ги завзеде напуштените куќи и станови. Ние не поттикнавме евакуација. Илјадници луѓе го напуштија градот во приватни автомобили или автобуси во последните неколку денови“, наведува Басурин.

Тој додал дека во саботата наутро е забележан обид на пробивање на конвојот на украинските сили да се пробие кон колоната на локалните жители.

Басурин истакнал дека проруските сили превентивно отвориле оган, како би ги блокирале паиштата кои водат кон Дебаљцевои Артјомовск и спречиле понатамошно напредување на украинските сили.

Во светло на овие судири е одржан состанок на Контакт групата во Минск, кој е повторно завршен без успех.

Слично

Поврзани вести