(ВИДЕО) Џихадистите го возвратија ударот на Анонимуси
Само што им објавија сајбер војна хакерската група Анонимуси на „Исламска држава“, стигна веднаш и одговор од исламистите како „најголема хакерска акција до сега“.
„Анонимусите од цел свет ќе ве ловат вас. Знајте дека ќе ве пронајдеме и нема да ве пуштиме. Против вас ќе ја водиме најголемата операција во историјата“ изјавил на француски јазик и го прикачил на Јутјуб човекот под маска Гај Фокс, традиционалното обележје на Анонимуси.
На апликацијата за размена на пораки, Телеграм, канал за кој се верува дека е поврзан со „Исламска држава“ објавен е одговор на исламистите како и упатства како да се заштитат од хакирањето на Анонимуси.
„Анонимуси со оваа видео ни се заканија дека ќе спроведат голема операција против „Исламска држава - идиоти“, се наведува во пораката, со прашање што можат да хакираат бидејки до сега наводно хакирале само профили на Твитер и меил адреси поврзани со „Исламска држава“.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/w49NCXhq0YI[/embed]Терористите на своите соработници им понудиле совети како да избегнат хакирање. Им кажале да не ги отвараат линковите (освен ако не се сигурни во нивниот извор), дека требат често да менуваат Ип адреси и да не разговараат со луѓе на Телеграм и Твитер ако не ги познаваат.
Истата порака на арапски и на англиски јазик е споделена не неколку различни канали поврзани со „Исламска држава“.
