(ВИДЕО) Џихадистите ги праќаат децата во смрт: Девојче загинало при самоубиствен напад!
Седумгодишно девојче се кренало во воздух и убило уште седум лица а 19 се повредени во напад на североистокот од Нигерија, што е последен во низата самоубиствени бомбашки напади за кои се користени мали деца.
Нападот е изведен вчера на пазар во градот Потискум кој се смета за трговска престолнина на државата Јобе.
Според првите извештаи бројот на загинати бил пет плус бомбашот самоубиец, но медиумските извори од државната болница во Потискум потврдиле дека уште двајца од повредените подоцна загинале.
Нигерискиот претседател Џонатан Гулак признал дека негоавата влада на почетокот ја потценила исламистичката група Боко Харам која е обвинета за овој, како и за претходните напади.
Најновиот напад укажува на сериозни безбеднос.ни предизвици со кои се соочув Нигерија во периот пред претседателските и парламентарните избори на 28 март
