(ВИДЕО) Џихадистите дигнаа во воздух древен храм во Палмира
Последователно варварство на "Исламска држава".
Џихадистите го разнесоа храмот Ваал-Шамил во античкиот град Палмира, во централниот дел на Сирија. Изграден во II век во чест на семитското божество, храмот се сметаше за еден од најзначајните споменици на доцната антика.
Античкиот град е дел од листата на објекти на светското културно наследство на УНЕСКО.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/JP8itldqYp4[/embed]Пред неколку дена џихадистите егзекутираа водечки сириски археолог, еден од најголемите познавачи на античкиот град.
Убиството на 82-годишниот научник Халед Асад е извршено во самата Палмира, над која "Исламска држава" ја презеде контролата во мај.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/tUl6STntHpE[/embed]
Слично

