Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Џастин Трудо – од учител до премиер на Канада

(ВИДЕО) Џастин Трудо – од учител до премиер на Канада

Либералната партија и нејзиниот млад лидер Џастин Трудо се победници на парламентарните избори во Канада, а со тоа е завршено десетгодишното владеење на Конзервативната партија и премиерот Стивен Харпер.

Според резултатите кои не се конечни либералите освоија 184, конзервативците 102, а НДП 41 место. Сепаратистичкиот Квебешки блок ќе има 10, а Зелената Партија еден пратениик.

Во постизборниот говор Харпер синоќа јавно не ја најави својата оставка како лидер на партија, но тој веројатно нема да продолжи да ги води конзервативците, ниту ќе биде лидер на опозиција, иако повторно е изберен за пратеник. [embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=lkMa8UcABnA[/embed]

БиБиСи раскажува накратко кој е тој.

За време на една од најдолгите предизборни кампањи во историјата на Канада противниците го опишуваат 43-годишниот Трудо како неискусно "убаво момче" што "не е подготвено" да биде премиер. Но, по речиси една деценија управување на конзервативците, лидерот на либералите успеа да ги убеди гласачите дека може да донесе вистинска промена.

Изборите покажаа забележителен политички пресврт за партијата на најстариот син на поранешниот премиер Пјер Елиот Трудо . Во почетокот на предизборната кампања малку беа оние кои очекуваа токму Џастин Трудо да победи. По најпрогресивните гласачи се насочија кон централно-левичарската Нова демократска партија на Томас Мулкер додека релативно непопуларната влада на конзервативецот Стивен Харпер доби неочекуван поттик по победата на ториевците и Дејвид Камерон во Велика Британија во мај.

Така повеќе умерената позиција на Трудо испадна навидум губитничка. Само со тивкиот тон на Харпер, кој му се обраќаше на противникот со фамилиарното "Џастин" и му се потсмеваше за "најубавата коса" во предизборни клипови, делува стимулативно на оној дел од општеството, кој ги сакаше конзервативците надвор од власта по секоја цена, пишува "Гардијан". Така во еден момент избирачите почнаа да гледаат на Трудо како најдобарата нивна шанса за промена.

Роден за да управува

zx450y250_2632476 Џастин е во центарот на вниманието уште од дете. Кога едвај имал 4 месеци, тогашниот претседател на САД Ричард Никсон предвидува дека еден ден тоа дете ќе управува со Канада. На гала вечера во Отава Никсон се свртува кон канадскиот колега со зборовите: "Сакам да наздравиме за идниот премиер Џастин Пјер Трудо ".

Пјер Трудо е водечка фигура во канадската политика. Тој ја зазема функцијата премиер од 1968 година до 1979 година и повторно од 1980 година до 1984 година кога за прв пат е избран на функцијата во 1968 година, поради огромната популарност меѓу помладите гласачи станува познат како феноменот "Трудоманија". За време на неговото владеење се извојувани редица историски достигнувања за земјата како признавањето на англискиот и францускиот како официјални јазици на федералната влада.

Затоа голем дел од детството Џастин го поминува во центарот на вниманието. Додека расте, стои настрана од политиката. Тргнува на Универзитетот McGill во Британска Колумбија, каде добива диплома по педагогија. Подоцна станува учител.

Во 1998 година помалиот брат Мајкл загинува при лавина. Оваа трагедија го принудува Џастин да се врати во јавниот простор. Тој и неговото семејство стануваат активисти за поголема безбедност во зимските спортови.

Две години подоцна умира и 84-годишен татко. Страстен говор на Џастин за време на погребот, емитуван на телевизија, ги тера многумина да го видат за прв пат неговиот потенцијал за политичка кариера.

Во 2004 година тој се жени за Софи Грегоар, радио и телевизиски репортер од Квебек. Двојката има три деца.

Почеток на политичката кариера

zx450y250_2632477

По смртта на возрасниот Трудо , Џастин почнува да се меша поактивно во политичкиот живот на земјата. Во 2008 и 2011 година е избран за пратеник.

Откако неколку пати одби да ги предводи либералите, во 2012 година тој конечно ја најавува својата намера да се кандидира за лидер на партијата. И макар да е критикуван поради недостаток на искуство и поради тоа што предходно не заземал политички позиции (обвинувања, кои беа пренесени и на овогодинешните парламентарни избори), Џастин Трудо сепак добива импресивни 80% од гласовите на сопартијците и ги предводи либералите од 2013 година.

Меѓу најавените намери на Трудо се зголемување на даноците за граѓаните кои заработуваат над 200 илјади канадски долари годишно. Во исто време се предвидува намалување на даноците за средната класа. Трудо вети дека ако биде избран, ќе започне веднаш  со работа за легализација на марихуаната, според моделот на Колорадо. Исто така, тој предвидува поголеми трошоци за инфраструктурата, кои во краток рок ќе има умерен буџетски дефицит, но ќе помогнат за ревитализација на економијата.

Трудо веќе изјави дека нема да ги следи социјалните политики на својот претходник Стивен Харпер. На пример, тој е против предложената забрана за носење на никаб (вид муслиманскои превез што го покрива лицето целосно и има само тесен процеп за очите) на јавно место. Според Трудо носењето на шамија од верски причини е основно право за канадските државјани.

Слично

Поврзани вести