Девојка се преселила од Велика Британија во Мексико и објасни колку троши
Триесетгодишната Габриел и нејзиниот сопруг лани решиле да ја напуштат Велика Британија и да се преселат во сончевото Мексико.
Габриел сега ја споделува својата приказна со илјадници луѓе на социјалните мрежи, каде што се обидува да им помогне на другите да се осмелат да ги следат своите соништа, пренесува „Сан“.
Во една од нејзините неодамнешни објави, таа призна дека одлуката да ја напушти Англија не била само поради желбата за сонце, море и послободен живот.
Во тоа време, Габриел работела во „Гугл“, додека нејзиниот сопруг ја изгубил работата, што одеднаш ги оставило само со еден извор на приход.
„Тоа беше чист очај. Мојот сопруг ја изгуби работата и моравме да живееме со една плата“, рекла таа.
Токму оваа ситуација ја поттикнала да започне сопствен бизнис како маркетинг консултант. Бизнисот брзо се развил, а нејзините приходи растеле со текот на времето. Ова им овозможи да патуваат и на крајот одлучиле трајно да се преселат во Мексико.
Габриел истакнува дека сега живее во Мексико многу подобро отколку во Велика Британија, а троши многу помалку. Во едно од видеата, таа откри дека плаќа 580 фунти (околу 670 евра) месечно за модерна гарсониера со базен на покривот, на само осум минути пешачење од плажата.
Таа ги откри и другите месечни трошоци: плаќа околу 40 евра за електрична енергија на секои два месеци, додека здравственото осигурување чини 50 евра месечно. Трошоците за храна, признава таа, се слични на оние во Велика Британија, околу 230 евра месечно, но таа сума вклучува и чести посети на ресторани и дневно кафе.
