(ВИДЕО) Девојче преживеа пад на авион, четворица загинати во несреќа
Седумгодишно девојче го преживеа падот на авионот во кој загинале четири лица во дезориентирана состојба стигнала до остатоците и ја пријавила несреќата на еден локален жител, соопштиле властите на американската држава Кентаки.
Малиот авион „пајпер PA-34“ го пријавил проблемот со моторот и изгубил контакт со контролата на летот додека се наоѓал над јужнозападниот дел на Кенатаки околу 17 часот и 55 минути по локално време, соопштила Американската воздухопловна админситрација.
Околку пола час подоцна, еден од жителите на округот Лајон повикал полицја и рекол дека седумгодишна девојка дошла до неговата куќа и рекла дека доживеала авионска несреќа, рекол Џин Питерсон од полицијата од Кентаки, кој тоа што преживеало девојчето го нарекол „чудо“.
Девојчето е префрлено во болницата и нејзинте повреди не се опасни по живот, додал Питерсон.
Два часа подоцна полицијата го пронашла местото на падот авионот на шумското подрачје близу до езерото Кентаки, како и четири тела - пилот и тројца патници.
Американската воздухопловна админситрација соопштила дека авионот полетал од аеродромот Талахаси на Флорида, а дека неговата дестинација била Маунт Вернон во Илиниос.
Во тек е истрагата за причините на несреќата.
