(ВИДЕО) Детски играчки,прстени,часовници: Овие предмети единствено го преживеале падот на рускиот авион!
Руското Министерство за вонредни состојби ја прошири областа на потрага за телата на жртвите и остатоците од авионот А321 кој се урна на египетски Синај на 30 квадратни километри, соопшти министерот Врадимир Пушков.
Пушков за канал „Русија 24ТВ“ рекол и дека одлуките поврзани со операцијата на потрагата, се донесени во соработка со египетски колеги.
-Лични работи на патниците се однесени од местото на несреќата. Развиваме планови и програми за идна работа и продолжуваме да ги спроведуваме сите неопходни акции, се додека не ја завршиме истрагата“, додал Пушков, пренесе Тас.
Екипа на телевизијата „Раша тудеј“ им се придружила на спасувачите кои трагаат за телата на настраданите во страшната авионска несреќа. Новинарот Роман Кошарев направил ексклузивен прилог за потрагата.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/FqR5NTdrowA[/embed]Екипи на терен пронашле прстени, часовници, телефони, детски играчки и други лични предмети на настраданите лица во Синај.
Спасувачите пронајдените лични работи ги пакуваат и праќаат на роднините на настраданите во Русија.
