(ВИДЕО) Дете во Њу Џерси почина во вжештен aвтомобил
Девојче во Њу Џерси почина во вжештен aвтомобил каде било заклучено повеќе од 7 часа.
Девојчето било во автомобил паркиран пред дом во округот Френклин. Полицајците ја отвориле вратата од автомобилот и внатре пронашле дете кое не давало знаци на живот, објави NBC.
Соседите рекле дека родителите најверојатно не знаеле дека девојчето е во возилото. Тие рекоа дека полицајците тропнале на влезната врата од домот откако го пронашле детето и потоа ги слушнале вресоците на родителите.
„Викаа и плачеа. Мајката падна на земја, а таткото ја тешеше. Тие се одлични родители. Видов дека многу ги сакаат своите ќерки”, рекол соседот.
Друг сосед рекол дека мајката на детето била однесена со брза помош откако паднала пред куќата. Еден од соседите рекол дека не му е јасно како воопшто е можно да се случи ваков инцидент. Летово ваков случај имаше во САД и во Франција.
Повеќе од 1.000 деца во САД умреле во врели автомобили од 1990 година.
