(ВИДЕО) Дете танцуваше на прозорец од седми кат
Снимка се појави на социјалните мрежи на која се гледа како мало дете излегува на прозорец на седмиот кат од една зграда во Гојанија, Бразил.
Детето во еден момент ја турнало ролетната и останало на прозорецот, како да не било свесно за опасноста во која се наоѓа.
Локалните медиуми јавија дека сопственикот на зградата дошол до станот на седмиот кат кога видел како детето стои на работ на смртта.
На крајот детето успеало да се врати во станот без да се повреди. Не е јасно дали родителите на детето биле во станот или не.
Слично
