(ВИДЕО) Дете падна од петти кат и преживеа
Во Њујорк дете на возраст од 3 години падна од петти кат и преживеа.
Надзорна камера го снимила настанот. По паѓањето детето се обидува да стане.
Наскоро група луѓе се собрале околу детето и се обидувале да му помогнат.
Ен-Би-Си Њујорк објави дека момче од Бронкс, по име Хозе, имало Даунов синдром и било дома со мајка му, сестрата и тетката кога паднало низ прозорецот. Семејството подоцна соопштило дека момчето отстранило парче картон од прозорецот.
Полицискиот оддел во Њујорк информирал дека инцидентот е класифициран како несреќен случај и нема да биде покренато обвинение. Хозе го скршил бутот и ќе мора да се лекува во болница еден месец.
Слично
