Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Дете му укажа на Макрон дека не требало да се жени со учителка, а тој даде одговор и ги насмеа сите

(ВИДЕО) Дете му укажа на Макрон дека не требало да се жени со учителка, а тој даде одговор и ги насмеа сите

Дете со аутизам во писмо му пишало на францускиот претседател Емануел Макрон дека не требало да се жени со учителка. 

Претседателот мораше да го прочита сам писмото, бидејќи новинарот беше премногу засрамен да го прочита, пишува Асошиејтед Прес.

Макрон рече дека кога човек е заљубен изборот не е негов. 

„Таа не беше баш моја учителка. Таа ми беше учителка по глума. Не е исто, таа не беше професока по математика“, по што присутните се насмеаја.

Брижит Макрон веќе била мајка на три деца и 24 години постара од Макрон кога се запознале во средното училиште каде тој бил ученик. Таа била професорка сè до крајот од 2007 година кога стапиле во брак. 

Децата го прашуваа Макрон за висината на платата, за рускиот претседател Владимир Путин и слично. 

Тој одговори дека како банкар повеќе би заработувал. Макрон кажа дека не е добро човек да има многу пријатели. 

ФОТО: EPA / NEIL HALL / POOL

Видеото можете да го видите тука. 

Слично

Поврзани вести