Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Дете извадено од хотелот на смртта во Италија остана сираче

(ВИДЕО) Дете извадено од хотелот на смртта во Италија остана сираче

10-годишно момче, извадено од затрупаниот италијански хотел, остана сираче, откако властите потврдија дека и двајцата негови родители загинале во трагедијата, пишува англиското издание  на „Телеграф". 

Спасувачката операција продолжува, а преживеаните ја раскажуваат својата приказна. 

„Беше како бомба" - вели  преживеаниот 25-годишен Винченцо Форт кој со својата девојка Џорџија Галас биле во тесен и темен простор во текот на 50 часа.

Едоардо ди Карло е едно од четирите деца кои беа извадени живи, заедно со уште петмина возрасни. Момченцето поминало две ноќи и два дена на ниски температури, под снег, мраз и карпи.

„Ехх погледнете го целиот овој снег"- биле првите зборови на Едоардо кога спасувачите го извадиле од хотелот. 

„Може ли да одиме да се скијаме?“ - прашал уште Едоардо.

Досега загинале 6, спрасени се 11, а 23 лица се водат како исчезнати. 

Минатата недела хотелот се урна поради лавина со снег. 



Слично

Поврзани вести