ВИДЕО: Дете фатено со појас со експлозив
Ирачката полиција привела момче на возраст од 12 или 13 години во градот Киркук, пред да го активира експлозивот кој го носел на себе.
Ирачката телевизија објави снимки на кои се гледа како двајца полицајци држат момче, а други двајца го симнуваат појасот со екплозив од него.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/luezfUBguPU[/embed]Момчето беше уапсено синоќа кратко по самоубиствениот бомбашки напад врз шиитска џамија во градот. За време на распитот момчето тврдело дека го киднапирале маскирани мажи кои ставиле експлозив на него и го испратиле во областа.
Момчето било пратен од ИД, а носело маица на Барселона. На грбот на маицата го имало името на Лионел Меси.
Апсењето на младото момче доаѓа по помалку од 24 часа од самоубиствениот бомбашки напад на свадба во Турција, предизвикан од друго дете кое уби најмалку 51 лица и рани 100.
