(ВИДЕО) ДЕТАЛИ ЗА ПАДОТ НА СУ-24: Еве како турците го соборија рускиот авион
Воениот руски авион од типот СУ-24 е соборен близу сириската граница, откако по 10 предупредувања не го напушти воздушниот простор на Турција – тврдат турските власти објаснувајќи го соборувањето на авионот.
„Два турски „ловци” од типот F-16 утрово околу 9 и 30 го пресретнаа рускиот авион и го соборија” – велат од Генералштабот на вооружени сили на Турција.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=5S3vefczvy4[/embed]Меѓутоа, рускиот претседател негираше и остро го осуди овој напад на Турција опишувајќи го како “забивање нож во грбот”.
Тој тврди дека турскиот авион го соборил рускиот иако летал километри подалеку од турската граница и не претставувал опасност за безбедноста на Турција.
Путин додава дека цел на авионот била провинцијата Латакија во Сирија и терористичките бази во неа.
Од руското министерство за одбрана велат дека рускиот авион е соборен на неговиот пат кон воздушната база Хмејмим на територијата на Сирија. Руската телевизија објави снимка, односно реконструкција на соборувањето на рускиот авион над турско-сириската граница. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Vmv6QDYJsV4[/embed]Русија одма прати воени хеликоптери да трагаат по пилотите, кои според некои извори загинаа пред падот на леталото, а според други тие се заробени од џихадистите, кои наводно го убиле едниот пилот.
