Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДЕСЕТИЦИ СЕ ПОД УРНАТИНИТЕ: Израел погоди камп каде загинаа над 50 луѓе

(ВИДЕО) ДЕСЕТИЦИ СЕ ПОД УРНАТИНИТЕ: Израел погоди камп каде загинаа над 50 луѓе

Голем број жртви има во Појасот Газа. Израелските сили погодиле бегалски камп каде има над 50 загинати. 

Луѓето се убиени во израелското бомбардирање на бегалски камп на палестинска територија, oбјави Министерството за здравство во Појасот Газа, управуван од Хамас.

„Повеќе од 50 маченици и околу 150 ранети и десетици под урнатините, во грозоморниот израелски масакр што целеше на голема површина на домови во кампот Џабалија во северниот дел на Појасот (Газа)“, се вели во соопштението на Министерството, објави Гардијан.

Видео снимката на АФП од местото на настанот покажува најмалку 47 тела извлечени од урнатините. 

Израел погоди 300 цели во северниот дел на Газа. На 7 месецов,  вооружени лица на Хамас убија околу 1.400 луѓе.  Во Појасот Газа, Хамас држи заложници меѓу кои има и странци. 


Слично

Поврзани вести