Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Десет работи кои треба да ги знаете за парите

(ВИДЕО) Десет работи кои треба да ги знаете за парите
Порталот All Time 10s објави 10 работи кои веројатно не сте ги знаеле за парите: 1. Хартиените банкноти можат да пренесуваат салмонела и E.coli, а вирусот на банкнотите може да преживее и до десет дена. 2. Секој ден во САД се печатат 37 милиони банкноти. 95% од нив се за замена на доларите во други држави. 3. Човекот кој го измислил банкоматот Џон Шеферд-Барон за овој изум бил инспириран од автоматот за кафе. 4. Еден сатиричен магазин им испратил на најбогатите луѓе во светот чекови во вредност од 13 центи. Единствени кои го реализирале чекот за да ги земат парите биле Доналд Трамп и трговецот со оружје Аднан Кашоги. 5. Кралицата Елизабета Втора се појавува на банкноти во 33 земји со 26 различни портрети. 6. Мирисот на вашите раце откако сте допреле метални монети всушност е човечки мирис, а не мирис на металот. Маслата на кожата се распаѓаат кога ќе дојдат во допир со железото и тоа го предизвикува мирисот. 7. Еден колекционер платил 2.500 долари за банкнота од 1 долар со сериски број В00000002Ј. 8. Кинезите всушност први користеле хартиени пари, дури 500 години пред Европа, која хартиените банкноти ги вовела дури во 17 век. Кина престанала да ги користи хартиените банкноти заради хиперинфлацијата во 1455 година, а повторно ги врати во употреба дури по неколку века. 9. Името на претседателката на Филипини било испечатено со грешка на банкнотите од 100 песа. Слично нешто се случи и во Чиле. Таму со грешка биле испринтани еден милион монети, а грешката била забележана дури после една година. Наместо Чиле, на монетите пишувало - Чиие. 10. Наркобосот Пабло Ескобар отпишал 10% од своите пари затоа што биле оштетени со вода или доколку се чувале во складиште, ги изгризале стаорци. http://www.youtube.com/watch?v=qsAGsSoiG84&list=UUGi_crMdUZnrcsvkCa8pt-g?wmode=transparent#t=16
Слично

Поврзани вести