Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДЕСАНТ НА КРИМ: Украинците го поставија нивното знаме на полуостровот

(ВИДЕО) ДЕСАНТ НА КРИМ: Украинците го поставија нивното знаме на полуостровот

Украина тврди дека извршила десант на Крим. Таму го поставија украинското знаме. 

Украинските разузнавачки служби извршија десант на Крим со помош на морнарицата. Тие се судрија со руските сили, објави Киев. Како резултат на тоа непријателот претрпе загуби, а уништена е и руска воена опрема. Сите цели и задачи се исполнети. Ниту еден Украинец не е повреден, стои во соопштението на Украинското воено разузнавање, објавено на Телеграм.  Тврдењето за десантот на Крим не е потврдено од независни извори, а Москва  не коментирала. Крим од 2014 година е под руска окупација.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на одбележувањето на 32-от Ден на независноста на земјата денеска излезе со апел за единство пред руската инвазија, што почна пред точно 18 месеци. 

Украина не планира да се откаже од своите територии во замена за мир. Дури во неколку наврати ветија дека ќе го вратат и Крим. 


Слично

Поврзани вести