Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Денеска се раѓа нова држава, но и нова војна?

(ВИДЕО) Денеска се раѓа нова држава, но и нова војна?

Власти на ирачкиот Курдистан денеска одржуваат референдум за независност и покрај противењето на Багдад, меѓународната заедница и други закани. 

Претседателот на ирачкиот Курдистан, Масуд Барзани ги повика граѓаните да излезат да гласаат и кажа дека партнерството со Багдад пропаднало. 

На Твитер турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган напиша дека ќе ги искористи сите опции овој референдум да се спречи. 

Барзани рече дека „да“ на референдумот нема да значи дека веднаш ќе биде прогласена независност, но ќе почнат преговори со Багдад. 

Ирачкиот премиер, Хајдер Ал Абади изјави дека ќе ги преземе потребните мерки за да го сочува единството во земјата. 

Тој кажа дека една ваква одлука може да го загрози мирот и е спротивна од Уставот на Ирак. 

Во Ирак мнозинството се шиити, но има и малцинства како сунити, Туркмени  и Курди. 


Слично

Поврзани вести