(ВИДЕО) Демонстрантите во Краматорск одзедоа шест тенка од украинската војска
Вооружените проруски демонстранти во источниот украински град Краматорск одзеле шест тенкови од украинската војска, потврдуваат и руски и украински медиуми.
Според информациите, тенковите на украинската војска во Краматорск биле запрени од обични граѓани веднаш откако влегле во градот. Но, потоа се појавиле вооружени луѓе без ознаки и украинските војници ги напуштиле тенковите.
Со тенковите, на кои закачиле руско знаме, демонстрантите утрово влегле и во Славјанск.
http://www.youtube.com/watch?v=pGW_wXRdDMY#t=21
Инаку, според последните информации, проруските демонстранти утрово ја зазеле и зградата на градското собрание во Доњецк. Лицата што ја презедоа зградата се вооружени, но не упатиле никакви барања. Вооружените мажи не ги попречуваат службениците да влезат и да излезат од зградата.
Ваквиот развој на настаните во источна Украина е причина за зголемена загриженост во пресрет на четиристраната средба на САД, Русија, Украина и Европската унија во Женева што треба да се одржи утре.
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун нагласи дека испраќањето на „сини шлемови“ во Украина засега е невозможно, затоа што за тоа е потребна одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации, која не може да се постигне без Русија.
„Без јасен мандат и дозвола од Советот за безбедност, јас не можам да преземам никаква кација“, призна Бан Ки-мун.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски ја предупреди Украина да не очекува воена поддршка ниту од НАТО. „Воена помош се дава на сојузниците, а Украина формално не е сојузник во НАТО. Украина може да се надева на меѓународна финансиска помош и наскоро таква ќе добие“, вели Сикорски.

Слично