Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Демонстранти влечеа градоначалничка и ја полејаа со боја

(ВИДЕО) Демонстранти влечеа градоначалничка и ја полејаа со боја

Боливиска градоначалничка опозициски демонстранти ја влечеле боса на улица, ја полеале со боја и ѝ ја исекле косата.

Градоначалничката на еден мал град во Боливија во средата e нападната од опозициските демонстранти кои ја влечеле боса по градските улици, ја полеале со црвена боја и на сила ѝ ја исекле косата.

Тие ја обвинија градоначалничката Патриша Арс за вмешаност во разбивањето на нивната блокада и дека е одговорна за смртта на неколку демонстранти. Неколку маскирани мажи ја фатиле и ѝ викале „убиец, убиец“, ја влечеле боса по улиците кон мостот.

Група антивладини демонстранти го блокирале мостот во Винту, мал град во централната боливиска провинција Кочабамба, како дел од демонстрациите кои избија по изборите за претседател на 20 октомври.

Исто така ја принудиле да потпише оставка, пренесува Би-би-си.

Подоцна ја предале на полицијата која ја пренела во локална амбуланта за лекарски преглед.

Нејзината канцеларија била запалена, а прозорците на зградата на општината биле искршени. Kaндидатот на опозицијата Карлос Мес и неговите приврзаници веруваат дека резултатот од претседателските избори е наместен.

Боливискиот претседател Ево Моралес, од друга страна, го обвини Мес за организирање државен удар.



Слично

Поврзани вести