Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Демонстранти го „окупираа“ аеродромот во Хонг Конг

(ВИДЕО) Демонстранти го „окупираа“ аеродромот во Хонг Конг

Демонстранти го заземаа аеродромот во Хонг Конг и побараа демократија. 

Поранешната британска колонија Хонг Конг, вратена на Кина во 1997 година, е во најголема политичка криза по неколку децении.

Протести се одржуваат секој ден. Минатата недела зградата на локалната власт беше оштетена, а Пекинг предупреди дека тоа е напад врз кинескиот суверенитет.

Демонстрациите во Хонг Конг започнаа на 9 јуни поради незадоволство од законот што треба да дозволи екстрадиција на осомничените во  Кина. Жителите на Хонг Конг веруваат дека тоа ќе ја поткопа судската независност на покраината. 

Менаџерите на аеродромот објавија дека протестите нема да влијаат врз неговото функционирање, туку ги советуваат патниците да пристигнат порано.

Сингапур денеска ги предупреди своите жители да ги избегнат деловите од Хонг Конг, каде што се случуваат протести.


Слично

Поврзани вести