Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Демонстрации против посетата на Бајден во Турција

(ВИДЕО) Демонстрации против посетата на Бајден во Турција
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден е во посета на Турција, каде што најави 135 милиони долари хуманитарна помош за Сирија, за набавка на храна за населението од регионите погодени со конфликтот. Со ова сумата што за помош на Сирија за издвоија САД од почетокот на кризата во оваа земја надминува три милијарди долари. Новите средства ќе бидат наменети пред се за храна на сириските бегалци во Турција и во други земји. Во Турција во моментов се наоѓаат околу 1,6 милиони бегалци од Сирија, а најмалку 190.000 побегнале од пограничниот град Кобани во последните неколку недели. Но, посетата на Бајден во Турција била пречекана со демонстрации организирана од исламисти и младински организации. Толпата извикувала „Бајден оди си дома!“ и „Ова е наша земја!“. Протестот се одржа во европскиот дел на Истанбул, додека Бајден се среќавал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во азискиот дел, па американскиот потпретседател не го видел собирот. http://www.youtube.com/watch?v=xMrO9NUyBC8
Слично

Поврзани вести