Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Демонстрации и судири во Франција, Италија и Турција

(ВИДЕО) Демонстрации и судири во Франција, Италија и Турција

Во Париз денеска демонстрантите се судрија со полицијата. Околу 250 митинзи беа организирани во Париз и други градови, меѓу кои Лил, Нант, Тулуз и Марсеј.

Илјадници луѓе денеска учествуваа на првомајските протести ширум Франција, кои во главниот град Париз ескалираа во повремени судири меѓу полицијата и одделни групи демонстранти, објави „Монд“. Тие побараа социјална правда и зголемување на платите, како и претседателот Емануел Макрон да се откаже од планот за зголемување на старосната граница за пензионирање, објави Ројтерс. Протести имаше и во Италија, но и во Турција каде полицијата уапси десетици луѓе. 

фото Принтскрин


Слично

Поврзани вести