Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДЕЛОВИ ОД ИТАЛИЈА ПОД ВОДА: Кран се урна врз зграда во Рим

(ВИДЕО) ДЕЛОВИ ОД ИТАЛИЈА ПОД ВОДА: Кран се урна врз зграда во Рим

Поплави опустошија дел од Италија. 

Невремето ги зафати италијанските провинции Тоскана и Лигурија, но и делови од Фиренца беа под вода.  Кран се урна врз зграда во Рим, но никој не е повреден, објави јавниот сервис Раи. Дел од кранот паднал на балкон на петти кат од шесткатница, а три семејства се евакуирани од зградата.

Невреме ја погоди Лигурија во текот на ноќта, а реката Ентела се излеа од коритата во Кјавари. Имало и лизгање на земјиштето во Вал Фонтанабуона.

Во областа Тигулио денеска ќе биде во сила црвен метео аларм, а во Џенова е прогласен портокалов. Во северна Тоскана, издадено е предупредување за опасност од лизгање на земјиштето и поплави.

Поплави вчера имаше и во делови од Франција. 


Слично

Поврзани вести