Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДЕЛОВИ ОД ФРАНЦИЈА СЕ ЕВАКУИРААТ: Населбите се претворени во езера

(ВИДЕО) ДЕЛОВИ ОД ФРАНЦИЈА СЕ ЕВАКУИРААТ: Населбите се претворени во езера

Поплави има во Франција каде цели населби се претворени во езера.

Во северна Франција дождовите предизвикаа излевање на речните корита, поплавени се домови и обработливо земјиште. Наредена е евакуација на локалното население.

Спасувачките екипи мораа да евакуираат и добиток. Над 100 населени места се во состојба на готовност, а околу 200 училишта во областа беа затворени.

Министерот за животна средина Кристоф Бешу изјави дека ќе прогласат вонредна состојба во десетици населени места за да им се олесни на сопствениците на оштетените станбени имоти и бизниси да аплицираат за компензација од осигурителните компании. И претходните месеци имаше поплави во Франција, но и во други европски држави. 

foto Twitter


Слично

Поврзани вести