Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ДЕЛОВИ ОД ДАГЕСТАН СЕ ПОД ВОДА: Има и жртви во поплавите

(ВИДЕО) ДЕЛОВИ ОД ДАГЕСТАН СЕ ПОД ВОДА: Има и жртви во поплавите

Русија испраќа спасувачи во Дагестан каде деновиве има разорни поплави и каде загинаа шест луѓе. Според медиумите, над 4.000 луѓе се евакуирани од домовите. Проценките се дека над 6.200 луѓе се погодени од поплавите.

Руското Министерство за вонредни ситуации испрати дополнителни 100 спасувачи и 30 единици опрема во поплавените подрачја на Дагестан, соопшти прес-службата на министерството. 

По наредба на ресорниот министер Александар Куренков, спасувачките екипи од Донскиот спасувачки центар се упатени во повеќе погодени општини за да помогнат во санирање на последиците од поплавите и работа во зоната на вонредна состојба, пренесе ТАСС. 

Во Дагестан се поплавени повеќе од 1.000 станбени објекти, над 1.100 земјоделски парцели и 70 патни делници во шест општини и осум населени места, додека во неколку области сè уште се работи на обновување на електричната енергија, гасот и водоснабдувањето. 


Локалните власти соопштија дека жител на Дагестан кој за време на поплавите спасил повеќе од 20 луѓе е награден со стан и паричен износ од 55.000 евра, а најавено е и дека ќе стане помошник на пратеник во Државната дума. 

foto printskrin youtube


Слично

Поврзани вести