Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Деца скокнаа од зграда што гори во Гренобл, соседите ги дочекаа на раце

(ВИДЕО) Деца скокнаа од зграда што гори во Гренобл, соседите ги дочекаа на раце

Две момчиња на возраст од 10 и 3 години, решија да скокнат oд зградата за да се спасат од пожарот во францускиот град Гренобл. Соседите кои ги фатија долу пред зградата се здобија со скршеници на рацете. 

Момчињата биле хоспитализирани заедно со 17 жители на зградата. Четири од лицата што ги фатиле момчињата биле однесени во болница на преглед.

Атумани Валид, 25-годишен студент кој добил скршен зглоб помагајќи да ги прифатат децата, рекол дека слушнал вресоци откако излегол од неговиот стан кој е во близина. Заедно со неколкумина соседи потрчале за да помогнат.

„Не знаевме што да правиме. Сакавме да ја скршиме вратата, но тоа не беше можно“, изјавил тој.

Потоа соседите им рекле на момчињата да им скокнат од зградата. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести