Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Дебакл на Макрон во родниот град: Исвиркан од работници во фабрика

(ВИДЕО) Дебакл на Макрон во родниот град: Исвиркан од работници во фабрика

Гневни работници од фабрика на американската компанија „Whirlpool“ во францускиот град Амиен го исвиркаа кандидат-претседателот Емануел Макрон, кој беше во посета на претпријатието во неговиот роден град, пренесуваат агенциите. 


Репортажа на телевизискиот канал БФМ-ТВ покажува како за време на посетата на Макрон работници го свиркаат и туркаат обезбедувањето на политичарот. 

Некои скандирале слогани за поддршка на лидерката на крајно десниот "Национален фронт" Марин Ле Пен, која била во фабриката пред својот ривал ненајавена. 

Вработените во фабриката на Whirlpool во Амиен неколку дена протестираат против претстојното преместување на претпријатието во Полска. 


Макрон изјави пред работниците дека ако Ле Пен ги освои изборите, фабриката ќе биде затворена додека тој би презел личен ангажман за ова прашање. 

Вториот круг од претседателските избори во Франција ќе се одржи на 7 мај. Во првиот круг Макрон собра најмногу гласови - 24,01%, и ја претекне Ле Пен, која освои 21,30 отсто, иако беше сметана за победник. Трет испадна Франсоа Фијон, а четврти е Жан-Лук Меланшон.

Слично

Поврзани вести