(ВИДЕО) Дарт Вејдер сака да биде претседател на Украина!
Негативецот од филмскиот хит „Војна на ѕвездите“ Дарт Вејдер се кандидира за претседател на Украина, на изборите закажани за 25 мај. Лице облечено во костим на Дарт Вејдер вчера ја предало својата кандидатура и потребните 2,5 милиони украински гривни (околу 165 илјади евра) за да стане претседателски кандидат.
Доколку неговата кандидатура биде прифатена, тој ќе влезе рамноправно во изборната трка со 14 други кандидати за нов шеф на украинската држава. Во својата програма Вејдер најавува дека ќе се залага Украина повторно да ја направи царство, да и ги врати загубените територии и поранешната слава. За кандидатурата ја има поддршката на Украинската интернет партија.
Дарт Вејдер досега учествувал во неколку политички акции во Украина, а на парламентарните избори во 2012 година околу 3% од гласачите го допишале името на овој измислен лик на гласачкото ливче, но тие гласови биле неважечки.
http://www.youtube.com/watch?v=X9h4VA3bc-8
Слично
