Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Данке Дојчланд“: Околу 8000 мигранти пристигнаа во Германија

(ВИДЕО) „Данке Дојчланд“: Околу 8000 мигранти пристигнаа во Германија

Околу 8000 мигранти кои беа блокирани на станицата во Букурешт во неделата, поминаа низ Австрија и пристигнаа во Германија во раните утрински часови, а Минхен очекува уште две илјади бегалци до полноќ.

Движењето на миграцискиот поток во текот на ноќта привремено било суспендиран по техничко-организациони причини. Вчера земјата примила вкупно 10 000 лица, баратели на азил од Унгарија. Повеќето сепак ќе продолжат кон Германија, прогнозира Берлин.

Властите и волонтерите во Виена подготвија соби за ноќевање на стотици луѓе, кои денес ќе продолжат кон германска територија. germanija migranti 1

Во Минхен локални жители ги поздравија со „добредојде“ мигрантите на главната железничка станица во градот, додека слегуваа од возовите исцрпените мигаранти.

Патувањето на мигрантите започна во раните утрински часови на вчерашниот ден, кога Унгарија ѓи пушти луѓето да продолжат и организираше превоз со 104 специјални автобуси до австриската граница. Бегалците ја поминале пеш пограничната зона. Подоцна транспортот беше прекинат.

Не е јасно што ќе се случи со околу 1000-те лица кои пристигнале на железничката станица во Будимпешта вчера и 300-те од нив, кои тргнаа пешки по 100-километарска должина на границата со Австрија.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/7rav9qsomRQ[/embed]

Во меѓувреме уште луѓе пристигнуваат на влезовите на Европската унија.

На грчкиот остров Лезбос синоќа избија нереди меѓу барателите на азил и полицијата. 4200 лица мораа да патуваат со траекти до Пиреј, но тензиите се зголемија поради недостаток на доволно бродови и бавната процедура. Полицајците биле гаѓана со камења.

Еден мигрант е повреден во судирите и е сместен во болница, соопшти полицијата.

Продолжува приливот на луѓе од Блискиот Исток и во Србија. Во петокот во земјата влегле околу 1.500 луѓе од Македонија.

Досега најмногу се сместени во бегалскиот камп во Прешево. Околу 500 се во Суботица, околу 300 - во Канижа.

Бегалците продолжуваат да пристигнуваат во Суботица со автобуси, возови и други видови превоз. Во петокот во градот пристигнале 16 вонредни двокатни автобуси, што значи дека во Суботица пристигнале над 800 бегалци. Повеќето од нив го продолжиле патот кон граничниот премин Хоргош и кон Канижа.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/W1axQH00Uow[/embed]
Слично

Поврзани вести