ВИДЕО: Дали Путин се повлекува?
При посета на фабрика неодамна, рускиот претседател Владимир Путин најави дека се повлекува.
Тој со работниците опуштено зборуваше за политиката, економијата, но и за личните планови и желби.
Еден работник му рече дека за 5 години планира да направи успешна кариера, и тој го праша него што планира.
„Сакам успешно да ја завршам кариерата“ - рече Путин.
Додаде дека сака да патува по светот, но туристички.
Путин завршеток на кариера споменува во период кога се очекува тој да се кандидира за уште еден мандат. Путин не сакаше да одговори кое е неговото омилено хоби.
Слично
