Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Дали ова е најлудата „селфи“ фотографија на светот?

(ВИДЕО) Дали ова е најлудата „селфи“ фотографија на светот?
Адреналин до небо - селфи снимката на Британецот Лит Томпсон, сопственик на туристичка агенција, е веројатно најхрабрата, но и најлудата фотографија што сте ја виделе. Снимена е на врвот на статуата Исус Спасителот во Рио де Жанеиро. Британецот ја искористил можноста која му се отворила во рамките на неговата работа и се искачил на самиот врв на статуата на Исус, заштитен знак за овој бразилски град. „Одев 20 минути по стрмни скали кои водат до статуата за да стигнам то срцето на Исус кое го сочинуваат прекрасни мозаици. По уште малку качување кое ми се чинеше дека трае цела вечност, стигнавме и до мала соба која се наоѓа на рамото на Исус. Со помош на јаже дојдов до главата на статуата и внимателно ја отворив вратата. Срцето ми биеше од возбуда и веќе не можев да чекам“, раскажува овој 31-годишен авантурист. Скулптурата на Исус е висока 39,6 метри, од кои само основата е висока 9,5 метри. Но дополнително, целата статуа се наоѓа на врвот на рид, на 709 метри надморска висина. „Кога ѕирнав, останав без зборови од панорамата која ми го одзеде здивот. Не се плашам од висина и затворен простор, но да се преживее акрофобија, клаустрофобија и воодушевување во исто време е навистина неверојатно“, вели овој жител на Лондон. За својата авантура тој снимил и видео: http://www.youtube.com/watch?v=dV_np9w2u4Q
Слично

Поврзани вести