(ВИДЕО) Дали би живееле тука? Има неверојатен поглед на Земјата!
Шведскиот уметник Микаел Гендберг се зафатил со несекојдневен проект - ја гради првата куќа која ќе биде поставена на Месечината, како уметнички проект што треба да ги поврзе луѓето и Вселената.
Целиот проект чини 15 милиони долари, а куќата треба да „замине“ за Месечината во октомври 2015 година. Преку интернет, уметникот досега успеал да собере речиси три милиони долари.
Куќата не е особено луксузна - направена е како типична шведска колиба - висока 2,5, а широка околу 3 метри. Дизјанирана е од специјални материјали, а кога ќе стигне на Месечината самата ќе се „изгради“ со пополнување со воздух. Лесната конструкција ќе опстане на Месечината, затоа што таму нема ветер.
Уметникот признава дека идејата можеби звучи премногу футуристички, но неговата цел била да покаже дека целата Вселена може да биде дом за човекот. Повеќе за тоа како дошол на идејата, во видеото:
http://www.youtube.com/watch?v=ak7jOwifdn0
Слично
