Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Дa не бевме во подрум, повеќе немаше да постоиме“: Серија торнада го опустошија САД

(ВИДЕО) „Дa не бевме во подрум, повеќе немаше да постоиме“: Серија торнада го опустошија САД

Серија разорни торнада ги погодија Мисури и Охајо.

Најлошо било во Охајо каде после торнадото останал само пустош. Скоро пет милиони луѓе останале без струја, а медиумите јавуваат дека еден човек загинал.

Илјадници останале без домовите.

-Стигнавме да влеземе во подрумот во последен час. Кога бевме на четвртото скалило, слушнавме прашина и чуден звук. Да не влеговме во подрумот, немаше повеќе да постоиме-раскажал Рич Шларман од Селин во Охајо, кој едвај извлекол жива глава заедно со 83 годишната мајка. Живи сме, но од куќата остана само еден ѕид-раскажуваат тие.

Мештаните на Селине каде живеат околу 10 000 луѓе, излегле по торнадото од подрумот, а многумина плачеле. Скоро 90 отсто од куќите повеќе ги нема. Од некои останале само темелите.

Во нов налет на торнадо засега е забележан еден смртен случај, но само минатата недела американските власти објавиле како во бурите загинале најмалку 7 луѓе.

За месец дена се забележани повеќе од 500 торнада што во овој период од годината е реткост. Дуваа ветрови пд преку 220 километри на ќас.

Се очекуваат нови бури и опасност од торнадо.



Foto: Youtube/Printscreen


Слично

Поврзани вести