Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „ЦРН ПЕТОК“ ВО САД: Тепачка за долна облека од „Викторија’с сикрет“

(ВИДЕО) „ЦРН ПЕТОК“ ВО САД: Тепачка за долна облека од „Викторија’с сикрет“
Предновогодишната шопинг треска ги зафати САД. Од утрово гужви, турканици и тепачки за да се фатат попустите на т.н. „црн петок“, кој традиционално се одржува следниот ден по Денот на благодарноста. Неверојатни снимки на сеопшт метеж стигнуваат од САД, каде што веќе биле регистрирани масовни тепачки во продавница за долна облека на познатиот бренд „Викторија’с сикрет“. Некои купувачи се подготвени да одат до крајни граници само за да зграбат производ по пониска цена, па подготвени се дури и на насилство. На видео снимка бил регистриран инцидентот меѓу две жени кои се степале за долна облека, додека во маркетот Волмарт полицијата морала со елетрошок да смирува еден маж. На третото видео, пак, маж безобразно турка жена за да зграби производ на попуст. http://www.youtube.com/watch?v=HxaaDbAylgo#t=11 http://www.youtube.com/watch?v=HKN4eACw_Qc http://www.youtube.com/watch?v=r67wNUkmV4Y Гужвите и насилството за време на распродажбата се вообичаена слика во САД за т.н. „црн петок“, кој е најголем шопинг-ден во годината за Американците. Трендот пред неколку години стигна и во Велика Британија, каде исто така започна да предизвикува шопинг лудило и насилство.  
Слично

Поврзани вести