Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЦРН ЧАД СЕ ПОЈАВИ ОД ОЏАКОТ НА СИСТИНСКАТА КАПЕЛА: Процесот за избор на папа продолжува

(ВИДЕО) ЦРН ЧАД СЕ ПОЈАВИ ОД ОЏАКОТ НА СИСТИНСКАТА КАПЕЛА:  Процесот за избор на папа продолжува

Црн чад се појави од оџакот на Систинската капела.

Црниот чад значи дека 133-те кардинали не донеле одлука на првото гласање на конклавата, а процесот за избор на нов папа, продолжува. Сега во Сикстинската капела ќе има максимум четири гласања дневно од утре до изборот на нов папа, објави Скај Њуз.

Инаку на плоштадот во Ватикан се собраа над 45.000 луѓе за да ја следат конклавата, а веднаш по објавата дека не е избран нов папа во првиот обид, масата луѓе се разотидоа.

Папата Франциск неодамна почина на 88 години. 


Слично

Поврзани вести