Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЦИКЛОН КОРНЕШЕ ДРВЈА И ПОКРИВИ: Повеќе од 180.000 луѓе се евакуирани од две земји

(ВИДЕО) ЦИКЛОН КОРНЕШЕ ДРВЈА И ПОКРИВИ: Повеќе од 180.000 луѓе се евакуирани од две земји

Поради циклон, илјадници луѓе се евакуирани од две држави. 

Над 180.000 луѓе се евакуирани во Индија и Пакистан во изминатите неколку дена додека властите се подготвуваа за циклонот Бипарџој да ги погоди бреговите на двете земји. Силен циклон ноќеска ја зафати индиската држава Гуџарат. Невремето корнеше дрвја, покриви од куќи и столбови. Индиските метеоролози предупредија на обилни врнежи во Гуџарат и во соседната држава Раџастан. Само во Гуџарат повеќе од 100.000 луѓе беа евакуирани и преместени во засолништа, додека во Пакистан околу 82.000 луѓе беа евакуирани од крајбрежните области со висок ризик. Во училишните сали и во владините згради, погоденото население добива помош. Нема пријава за загинати. 

Тропскиот циклон Фани ја погоди Индија во 2019 година и тоа беше најлошото невреме за период од 20 години. 


Слично

Поврзани вести