Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЧУДО ВО МЈАНМАР: Двајца мажи по пет дена под урнатините се спасени

(ВИДЕО) ЧУДО ВО МЈАНМАР: Двајца мажи по пет дена под урнатините се спасени

Во Мјанмар двајца мажи по пет дена по земјотресот се извлечени од урнатините. 

Ова се смета за чудо. Се работи за мажи на возраст од 53 и 40 години. Првиот е спасен во Мандалај, а вториот во Сагаинг. Спасувачите ракоплескаат од среќа по спасувачката операција. 


Во земјотресот од пред некој ден со јачина од 7.7 степени, загинаа над 3.000 луѓе. По овој потрес, имаше и други силни земјотреси. 

По катастрофата, имаше и други приказни со среќен крај. Две девојчиња и нивната баба се спасени од урнатините, а што преживеале тие успеале да снимат со мобилниот телефон. 

Друга жена во Најпидав е спасена по 91 час поминат под урнатините. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести