Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Чудни појави на Арктикот ги преплашија научниците

(ВИДЕО) Чудни појави на Арктикот ги преплашија научниците

Чудни појави на Арктикот укажуваат на тоа дека таму со морскиот мраз се случува нешто загрижувачко, предупредуваат научниците.

Поради неочекувано високите температури на морето на Северниот пол, слоеви лед уште не почнале да се формираат, а досега требало веќе дебело да се зафати, велат научниците. Тоа може да биде знак дека ефектите на глобалното затоплување се поголеми отколку што се мисли.


Рутината на Северниот пол во повеќето години изгедала вака: сонцето не се спуша во средината на октомври, водата се лади и мраз почнува да се фаќа по површина на морето. Но оваа година не само што не се фаќа нов мраз, туку и стариот се топи бидејќи морето е претопло.

Научниците велат дека температурите на Северниот пол се високи без преседан, дури и 20 степени Целзиусови повеќе од просечните. Сега чекаат студен бран кој се формирал над северна Русија да стигне до Арктикот. Процесот на замрзнување тогаш конечно ќе почне, но слоевите мраз ќе бидат многу потенки отколку досега поради овие проблеми.


А дури сега ќе видат што ќе биде кога топлиот воздух, како што сега е на Арктикот, го потисне ладниот воздух понатаму кон југ.


Слично

Поврзани вести